незапирлив (прид.)
Во својата Историја го беше потцртал мислењето дека револуциите не се пресадуваат, а доколку тоа се стори е неизбежен незапирливиот процес на жртвувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но незапирливите млади не разбраа тогај старецот зошто им зборел, бидејќи одмаздата пратена над нас од бога висела веќе од горе.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но таква светлост народецот на вилаетов не познавал и не мислел или не се надевал дека ќе дојде еднаш, дека ќе шурне незапирливо од море или ќе се спушти од планински врв да ги облагороди со утеха и тревите и луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука ноќта незапирливо расте и згуснува како крв на жива рана.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Незапирлива е моќта на имаѓинацијата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И пак ќе нѐ зафати незапирлива, громогласна смеа. Ќе ни се искинат образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како во незапирлив страв.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Косата незапирливо ми белее, капалките капат врз прозорците, столната полициски вперена – ги мачам чувствата но тие како да се скоевци.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
- Часовникот, го донесовте? За првпат го допрев – и покрај тоа што дланката му беше топла, а мојата непријатно влажна – осетив во мене, од оваа страна на кожата, незапирлива привлечност кон допирот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но вујче си остана маж, тојчас на ништо не се обѕрна, сѐ така силно ме држеше во себе (сигурно не го чувствуваше мојот бол), сѐ посилно ме земаше во себе незапирливо викајќи: Сакам да ми веруваш, Леме, внученце!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И во истиот час толку силно, толку незапирливо за нешто се раскикоте.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дали тоа беа незапирливите бранови на егзотиката кои ги заплискуваа бреговите на духовите на Европа во времето на егзотизмот, во времето на безрезервната потрага на изгубените моќи во источните вредности или причината едноставно беше во нешто друго?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да беше со други, а тоа не ретко му се случило при толкуте ослободувања тежести од душата, сигурно би имало незапирливи караници, судири.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)