неизменлив (прид.)
Она што заповеда е првичната, неменливата и неизменливата песна, суштината што се јавува како песна...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А мислите мачеа: „Постои овде една неизменлива логика.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа љубов, лишена од својот извор, му легна сега како нешто тешко, нерадосно згрутчено в гради, што ниту ја соживува и обогатува, ниту пак ја дотепува душата, а останува како нејзино неизменливо траење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)