неизмерлив (прид.)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се нижеа сеќавања: неизмерлив тек. Тече. Навира. Измачува...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)