неискажан прид.

неискажан (прид.)

Сигурно во неа за Чанга имаше и неискажани значења.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сеќаваше Бојана за сѐ, за сѐ. Слатка струја ја опијануваше и ја исполнуваше со неискажаната милност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Авторот, како под диктатот на нивен неискажан завет, изневерувајќи ја Татковата стратегија, во туѓина да учи за професија кој би го „заобиколувала затворот верува дека реваншот на судбината, односно враќањето од егзил ќе го изврши низ чинот на пишувачката имагинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значи, моите чувства, зборувам во алегорија, си останаа неискажани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пред очите на Велета еве стоеше скршен од некаква неискажана мака силниот и надалеку прочуен мајстор Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- ДУШО ТАГОВНА многу тежи болкава неизкажана... Кому да ја искажам? Како да ја исплачам? ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Неискажаната љубов е како грне златници закопано под огниште.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)