неколкупати прил.

неколкупати (прил.)

По неколкупати луѓето ги креваат мотиките над главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крсте се уплаши да не замине Стојан, како што му направи порано неколкупати, инстинктивно чувствувајќи дека не треба да има давање земање со овој „предавник" Стојан се зачуди кога го виде така весел и ја осети онаа пријатност од времето кога Крсте дружеше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи можеш да му речеш доброутро на новиот ден - вели Денков без да го поткрене погледот од листот што изгледа неколкупати го има прочитано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа ѝ беше потребно по неколкупати да му повторуваш што си рекол, ако сакаш да сфати дека му се обраќаш токму нему, а потоа ќе требаше да му објасниш која ти е намерата или што сакаш да дознаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стариот рѓосан клуч штракна неколкупати, вратата од ќелијата се отвори, клучарот го пушти да влезе трговецот и пак ја заклучи вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Застанавме пред дрвена порта, таа чукна неколкупати и ни отвори висока слаба жена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ноќта му студеше. Неколкупати стануваше да го спотне огнот и да се грее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јужниот ветер ја рашири неговата миризба, пчелата ранобудница неколкупати слета во неговите цветчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неколкупати им се сретнаа погледите, ама тој не можеше да го издржи нејзиниот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Копнаа неколкупати и се покажаа штиците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Веќе неколкупати тој прави грешки кои ја потценуваат вашата благонаклоност кон него.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Потоа појде кон реката. Со навиката од езеро, првин цапна неколкупати покрај брегот и си ги иструга петиците од тврдите крајбрежни камења.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Штурци на почек, што се вели, гласот по неколкупати ќе ми се оѕвие меѓу ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шушкајќи нешто низ брадата, пцоста или молитва, го зврте неколкупати околу себе како да бара место кај да го фрли но сепак не го тресна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе