некорисен (прид.)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Некорисна прошетка“ ми се причини дека рече одејќи кон прозорецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ратко, откако малку се премисли и заклучи дека би било некорисно да се распрашува, се повлече и брзо се врати со нешто илјадарки. Му ги подаде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Глупости! Иван барем во овој момент е далеку од овие некорисни дилеми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)