немажена (прид.)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше немажена, уште неспастрена, што се вели, но дали мораше да блудничи со војниците и така да си ја развалува снагата?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Цвета беше немажена, на возраст кон педесеттата година, незаинтересирана за светот долу, во Метрополата, и често остануваше да ја преспие ноќта во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се одродив од сите, најблиските ми изумреа, сега сум јас како некоја девојка која не се омажила навреме и гледа кој било да го земе само да не остане немажена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми велеше дека целиот живот ќе бидам сама, ќе тонам во својата самотија, ќе останам немажена и така ќе бидам срам за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Братучетка му Цара беше застарена девојка, останата немажена.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)