неметал (м.)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Божја промисла – продолжи старецот. – Во таа празнина, што е без форма, постојат ситни делови на земјата, ѕвездени прашинки, со своите елементи, метали и неметали.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Богат е со минерали, метали, неметали, разни видови извори на вода, лековити билки, пештери со живи гасови, можеби и неоткриени руди, видови јаглен и многу други неосознаени состојки кои се негова содржина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)