немтур (м.)
Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зар бил мој овој немтурест свет?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Саат на саат се чекаме, ко немтури, и првин тие ќе наполнат вода или ние ќе наполниме првин, ер како било, ама се чекаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој ѝ велеше дека ги троши парите без ум, дека е глупава, дека не ги дава тешко спечалените пари за да ги расфрла по улица, и уште триста други глупости, зашто обично, саботите навечер беше тежок немтур.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гласот не му го чув. Молчеше постојано како немтур, кому зборовите и мислите му се сплеткале во плетеница од суви гранки и никако ни да ги проголта, ни да ги исплука.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Подобро да зборувам - одошто да бидам немтур!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Тука е, во бригадата. Само ние го викаме Немтур.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таков станав и јас: тром и безволен, штур. Немтур. Вампир.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но Дудан камен стана - камен стана. Ни одгор, ни прогор во него. Немтур.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Нему, пак, му пречеше инаетливоста на мојата аналитично немтуреста природа: и во најочајните мигови да е секогаш во својата најдобра форма.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)