неодговорен прид.

неодговорен (прид.)

Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рекол дека е во прашање мала одмазда на месното население во врска со неодговорното однесување на една група Белогардејци од претходниот брод која, речиси без причина направила некои штети во пристаништето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека војните можеле да бидат добиени или изгубени, ниту една владејачка класа не можела да биде целосно неодговорна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Народниот правобранител презема дејствија и мерки за заштита од неоправдано одолжување на судските постапки или несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашата негрижа, нашата неодговорност се разорни како термити - ќе разнесат, ќе уништат сѐ.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Капиталот е неодговорен, иреверзибилен, неминовен како вредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
БОЖО: Тоа е неодговорен песимизам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ на сѐ, важно е да се изгради општествен морал кој би одвраќал од неодговорно однесување, без оглед на кој вид дрога се мисли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Што рече дека бил? - Неодговорен, неранимајко, бесен, невнимателен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А оние запалиле контејнер! - Праисторија. - Мизерија. - Ни трошка трпение. - Неодговорност.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)