неодолив прид.

неодолив (прид.)

Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Незаменливото искуство од чекорењето по непознати патишта, возбудата од неодоливиот мирис и вкус на разните зачини кои со соодветно пропорционално мешање од мајсторите на кулинарството и најстраствените гурмани, стануваат деликатеси кај разни народи и култури.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Постојано имав слушано за „неодоливиот импулс да се разголиш“ од разни клиенти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Светлина на надворешната убавина, која Петар го различуваше до неодоливост и светлина на внатрешна убавина која благо распослана одвнатре ја успокојуваше усреќената душа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Едноставно, жестоките и живи емоции на несвесниот детски ум беше тоа што неодоливо ги привлече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Очите на човекот без брада летаа секој час кон лицето - череп, потоа виновнички скршнуваа, за да се вратат повторно привлечени назад со неодолива сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Импулсот може но не мора свесно да се потиснува, а чинот може но не мора да е предмислен или планиран. (ICD-9-CM) Вебстеровиот речник ја дефинира „присилата“ малку поинаку од „неодолив импулс да се направи некој неразумен чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Толку многу чувства во мене. Убави, неодоливи. Ме прободе стрелата на Амор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сочна, многу убаво мириса. Неодолива боја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жан Мартин пак прашува: - А кој ќе плати да пиеш она што се јаде и да јадеш она што се пие? Тони пак одговара: - Сите овие што седат овде. Се разбира, дамите повеќе. Јас сум за нив неодолив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пишувам, пишувам, но „тигарот“ е вистински тигар од хартија, бескрвен и невозбудувачки, воопшто не личи на опасниот, неодолив деспот на џунглата крај моите нозе... ...всушност, вечерва не требаше воопшто да излегувам.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Неговата самоувереност, неговата апсолутна компетенција, неговиот неодолив оптимизам го правеа неранлив наспроти најтешките напади на најтешките глупости...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во одговорот на некоја молба, повик или заповед сигурно се придвижува некоја творечка замисла која веднаш покренува одредена програма, систем на очекувања, за најпосле и самиот да ме изненади со тоа што е неодолива, заповедна, дури неумолива, како некој мошне строг закон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Летото – тој страстен маѓосник, неодолив сплеткар, под чии вешти прсти, ние – насмеани кукли, го претрчуваме времето!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе