неодреден прид.

неодреден (прид.)

Ние му стоиме со некој неодреден одговор: чекаме и нас да нѐ угрее сонцето, иако сонцето грее, веќе прижежува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зар под лицето на таа мила жена, може да се крие и некој неодреден маж?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денот беше млечно бел и млечно неодреден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека му ја подаваа пушката, командантот гледаше во некое неодредено место, правејќи крукчиња од чадот на цигарата што ја пушеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите во компанијата биле шокирани затоа што паѓањето на столбот ќе значело завивање на двомилионскиот град во мрак на неодредено време.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И поддршката за владејачката структура се бараше и, особено во раните периоди, се добиваше не врз основа на реално- сработеното, туку врз основа на ветувањето дека токму таквата политика во неодредената иднина ќе доведе до потекување на мед и млеко.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но истовремено во градите потчувствува стрежење од некој страв: неговиот „швалерски“ неуспех би му ги затворил вратите на оваа за него толку важна институција за неодредено долго време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека и вистината може да ни понуди неодреден број варијанти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секоја неодреденост во природата има краток здив. Едноставно испарува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради дождот на неодредено време е прекинат есенскиот дел од шампионатот на пердувите во неконтролирано летање во височина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беа многу денови, но нивниот број беше неодреден во неговата свест.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јачеше. Од зад неа кристалната испреплетеност на замрзнатите прозорци доаѓаа неодредени шумови, се судруваа и се разбиваа еден од друг.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И се истави еден чекор назад уживајќи во збунетоста на другарот, во неодредениот поглед со кој тој ја мери старицата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некакво силно чувство, не толку страв колку еден вид неодредена вознемиреност, пламна во него и повторно згасна. Престана да мисли на војната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе