неорганизиран (прид.)
Психоза: ненормална состојба на умот составена од халуцинации, дилузии и неорганизираност на мислите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сам? - го праша еден мустаклија кому сите му отстапија пат до него и кој ќе беше најважен штом го допраша: - Неорганизиран?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)