неочекуван (прид.)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Војникот, неочекувано, ги викна од првиот балкон.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во шумолењето на капките неочекувано се вплете и продорен крик на жерави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Обично глобалните системи на моќ ги интегрираат бебињата со неочекувана грижа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Овој настан внесуваше неочекувано малку живост во нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имам два различни податока, го пронаоѓате наеднаш спасоносното прашање и го сместувате во широко разбрануваната насмевка во која сте спремни да ги потопите сите грди помисли што ви се појавуваат со неочекуваната средба со познајницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Неочекувано лесно го доби она што го посакуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не верував дека и тој е само убав и светол балон што неочекувано без бол ќе прсне пред тебе во ситни неупотребливи парчиња на збрчкана гума.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сомнежот наведува дека смртта би можела да е токму пред носот, Тоа сигурно би била неочекувана последица од Росентхал-овата голема романса со апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Неочекувано брзо ја добив албанската црвена виза.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неочекувано надојде зрела `рж и покри сѐ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еврејската клетва го стрефи сосема неочекувано, но тој барем го имаше искусено дното за разлика од татината галеница на транзицискиот арамија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се случи неочекуван пресврт: се случи неговото враќање во Скопје да биде одложено.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Останав потпрен на рецепцијата, со онаа неверица која нѐ опфаќа во такви моменти божем ни се прави некоја неочекувана неправда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)