непобеден прид.

непобеден (прид.)

Крсташот, и таков, убиен, раскрилен во правта и со закопана глава во неа, изгледаше непобеден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Париз имаат Триумфална капија, во Лондон Биг Бен, во Прилеп Могила на непобедените. Ние, Скопјани - шмизла! Ееее, после друг ни е крив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)