непопустлив (прид.)
Како што течеа работите нашата врска се продлабочуваше, иако бев многу претпазлива и непопустлива и водев строга стратегија за да се уверам дека навистина, негативното влијание во нашата врска било поради таа таканаречена магија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Понекогаш твоите солзи не можат да ја разблажат твојата згусната лутина или твоите зборови се доволни да ја изречат твојата непопустлива потреба од молчење – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дупката наоколу беше опашана од толпата, а внатре Јован, како гладијатор, до половина гол, испотен и исцрпен, се бореше со страшната ѕверка - сувата и непопустлива почва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Човекот станува непопустлив пред опкружувањето, пред околниот свет.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го погоди носот на Голдштајн и отскокна: гласот продолжи непопустливо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Бил убеден дека силните снегови, непопустливиот долг зимски студ, неочекуваното доаѓање на пролетта со поројните дождови, биле раководени од натприродната сила, со единствена цел да го уништат мостот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)