непостоен (прид.)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Наспроти калифорнискиот Дизниленд на овосветовната радост, ова е дом на знаците, сенките и сеќавањата на еден непостоен, бивш живот кој стега во грлото и пече на работ од очите. Самуел Ароести гледа преку оградата на Монополот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Залудно, оти мислата му се разбистри дури сега, овде, во снегов, во студов, во самотијата на чекорот, во студениот метал на оружјето, далеку од хаотичната пропаганда која го пополни просторот на непостојната заедничка национална идеологија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
од англискиот: британската варијанта има дваесет членови од кои дванаесет монофтонзи (пет долги и седум кратки) и осум дифтонзи, додека американската варијанта брои единаесет монофтонзи (пет долги и шест кратки) и пет дифтонзи.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)