непочитување (ср.)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ние, добри мои имаме безброј примери, кога одлагањето, непочитувањето тешко ни се одмаздува.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За непочитување на законот, и за бесправно вселување во туѓ стан, Околискиот птичји суд донесува решение, прекршителот, врабецот Џивџик да се протера од овој крај.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Доколку работникот кој смета дека трпи вознемирување на работното место, а поради тоа му е нарушена здравствената состојба, има право до завршување на постапката, да биде преместен во друга работна просторија, односно работна средина (чл. 28), додека пак на лицето кое го врши вознемирувањето или го злоупотребува правото на заштита од вознемирување, работодавачот може да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, а ако во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, може да му го откаже договорот за вработување (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Инаку, како општо правило се востанови дека кај сторена неправилност за прв пат, забраната трае „до моментот на отстранување на неправилностите“, а кај непочитувањето на работното време – само седум дена, што е прилично малку.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Згора на сѐ таа е и дисциплински казнета, за наводно непочитување наредба од претпоставен, со парична казна наместо отказ. 4 Целта на новата директорка, според зборовите на Билјана, беше да ја понижи и омаловажи, бидејќи кон неа таа манифестираше и „изразена нетрпеливост“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со непочитување го прекршив знакот на замор на моето лице.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Да не зборувам за недозволеното непочитување на работата од која си го вади лебот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Секое поинакво толкување може да поттикнува самоволно однесување, или непочитување на официјалниот документ.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)