непрецизен прид.

непрецизен (прид.)

Јасно е дека одредувањето на бројот на нивоа, не само во делата на Ешер туку и во сите повеќенивовски хиерархиски системи, е покриено со вел на непрецизност која ним им е инхерентна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не е полезно во овој миг нивните одлики да амалгамираат во некаков прост, непрецизен дијаграм, во неколку општи вистини, во универзална културна граматика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Твојот потпис беше чиста формалност заради оние загубени документи и непрецизните одредби во законите. Но што ти значи она, другоно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Избегната тупаница, промашено скалило, возење во погрешна лента; Пеницилински шок, високонапонски кабел, непрецизен кујнски нож; солна, а не алкохолна, врела а не млака. Заразна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)