неприлика (ж.)
Во нотата понатаму се истакнува дека Француската влада е свесна за сериозните неприлики што можат да настанат со поништувањето на одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, но сепак верува дека таквото решение мора да се донесе, бидејќи се потпира на такви аргументи што не можат да се одречат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Робовите, ако го видат својот стопан во неприлика трчаат да му помогнат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)