неприфатлив (прид.)
За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбира, го одбив со индигнација овој смешен и за мене сосема неприфатлив предлог.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој смета дека легализацијата би ја зголемила достапноста и потрошувачката, што од морална или практична гледна точка би било неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нивното пишување за аферата беше неприфатливо за читателите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Арсо го зграпчува детето со брзина и вештина сосема неприфатлива за избезумениот Французин.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Заклетвата обврзувала да му служат на едно дело чии принципи за нив, биле, во основа, неприфатливи и не сакале да се борат за нивното реализирање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, како што ни кажа нашиот соговорник, тоа за него и онака е неприфатлива понуда – бидејќи тој немаше никаква потреба од тие производи, како и начин на кого да ги продаде.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)