непријатно (прил.)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Просто ми е непријатно од нивните глупави изрази на лицата и воловските погледи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се разбира оти не само што самите не се викале Срби, туку им било непријатно да се викаат и од други така.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како да му беше непријатно што си дојде дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа беше свесна дека е привлечна девојка, но сепак тие довикувања правеа да се чувствува малку непријатно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Можеше да раскажува со непријатно очигледно задоволство за хеликоптерски напади врз непријателски села, за судење и за признанија на мислопрестапници, за егзекуции во визбите на Министерството на љубовта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако болеста е случување кое ни е непријатно како спомените што не можеме да ги промениме, пресреќно заклучив дека сум болна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Им беше и интересно и непријатно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Чадот што сѐ уште кружеше низ лабораторијата мирисаше непријатно, задушливо...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Непријатно ми е; ги кријам очите од него и полека го пијам своето евтино вино.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Следеше второ непријатно изненадување: наместо музиката со која се пријави на аудицијата, слушна само длабоки удари на тапани во некој сложен, нему непознат ритам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Аким се доближи до мене. Врелата пара на млекото ме удри в лице и јас отстапив еден чекор очекувајќи нешто непријатно од ова неразбрано и силно момче: прст в око, нокти в грло.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од удобен сонувач да не се претворам во дремлив кодош Кој нема што да прави та слуша туѓи муабети Поточно ми беше непријатно од туѓите муабети
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Морам да признаам дека непријатно ме зажежа приказната на работниците; онаа од пролетва, за семејството штрци кога пристигнало кај воденициве.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Однадвор салата му изгледаше сосема обично, но кога излезе на сцената непријатно се изненади: наместо најавената жири комисија спроти него стоеја неколку водачи на африканско племе што не можеше точно да го препознае.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)