нерасположение ср.

нерасположение (ср.)

На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Летото го мина во тоа мачно нерасположение, во загриженост.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Меѓу работниците настана нерасположение, а кај народот мрморење дека од мостот нема ништо да биде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немаше што да се прави, се разделивме. Јован, дали од знаење, или зашто ме гледаше во нерасположение, ми даде надеж.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во некои денови на нервоза и нерасположение, времето му минуваше премногу споро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)