нескршлив (прид.)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И каде ли сега отиде таа беспрекорна и безусловна, непоколеблива, слепа, тврда. огромна и нескршлива верба?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во нескршливата тишина со нас се раѓа страв, исконски страв за да не се изгубиме во хаосот на апсурдното постоење, каде часовникот го мери нашето веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со духовно проникнување во сопствените вредности ќе изградиме нескршлив карактер и силна волја за да ги избегнеме ударите на судбината и да се соочиме со животните предизвици.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)