несфатлив (прид.)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ова сакав да го сторам не за да го обескуражам во неговите несфатливи настојувања докрај да ја разоткрие вистината туку за да му укажам на мојата но и на неговата улога во тој ненужен кошмар.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дали несреќата е само за да се разбере среќата, мајката, дали доброто е несфатливо без злото?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа царее штама, несфатлива во споредба со сѐ ова што овде се случувало во предпладневните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Братучедите, прво, за секој случај, се сачеа сѐ понастрана додека не сфатија дека во ова несфатливо сновање може да се случи да ги разделат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ѓорѓиевски одлучно истакнува дека ваквиот игнорантски однос на државата е апсурден и несфатлив, особено кога се работи за земјоделски култури кои се од стратешки карактер за националната аграрна политика, култури од кои се добива загарантиран доходовен производ, во случајот, шеќер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа ќе беше несфатливо опасно, дури и да знаеше како да го стори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Несфатливо, просто е несфатливо дека еден удар може да зададе толку болка !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој пак се затвора во својот свет, полн со мисли и некакви несфатливи светлини од коишто сета негова душа празнично грее.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Власите ја зголемиле будноста, но, благодарејќи, покрај другото, и на нивниот карактеристичен јавашлак и на зачудувачки несфатливиот потценувачки однос кон македонските револуционери, не им дале поголема верба на тие гласови.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Едно обично сознание
едно од оние до коишто се доаѓа
при крајот на животот:
само смртта може да објасни
некои несфатливи врски
некои мрачни страсти
некои зашеметувачки
неовдешни
екстази.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Луѓето се такви какви што се и не е несфатливо нивното однесување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Има, навистина, голема доза од наивност и несфатлива противречност во верата што ги насочуваше бомбите на гемиџиите предимно против Европејците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Им го остави и грипот, ама на младичот и еден несфатлив немир што тој не се обидуваше да си го објасни, бидејќи треската го зафати со таква силина што веднаш го кутна в постела.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)