неуспешен прид.

неуспешен (прид.)

Во новово време сите сме на работ на нервите и живеачката сѐ повеќе ја доживуваме како синџир од неуспешни реформи во кој ни се препелка чекорот кон лесно ветената иднина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истото е и ќе биде и со Македонија. Македонија направи обид најнапред да се ослободи од Турција, но, за жал, обидот излезе неуспешен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со тоа завршил неуспешно обидот на британскиот клон на СОЕ во Каиро да испрати воена мисија на територијата на Македонија кај емисарот на четничкиот генерал Дража Михајловиќ кој во овој период имал целосна поддршка од британската влада и од југословенската влада во емиграција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Средниот век постоеше Инквизиција. Таа беше неуспешна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислам и на оној неуспешен говор што го држев пред иселениците во Њукастел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
1955 Откако изложбата на неговите италијански дела мина мошне неуспешно, уметникот заминува во Мексико. 1956 Патување во Мексико.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од разговор со журналисти јас чув оти г.Станчев правел обид да повлијае на нив, но неуспешно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна, читам дека нова надеж се отвора – ако ништо друго за Америка: една фирма успеја да најди нафта во Саудиска Арабија после многу неуспешни проби. Во близина на градот Дамам во персискиот залив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе