ниеден прид.
низаеден прид.

ниеден (прид.)

Ниеден друг народ на Европа не може да се пофали со тоа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие денови никогаш не можеше да ги задржи мислите на ниеден предмет повеќе од неколку мига непрекинато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам дали забележа дека во ниеден момент не ја наметна темата за брак и мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека веќе со ниедно движење не ќе може да придонесе во меѓусебното приближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Осети, наеднаш, дека одамна ниедно негово испраќање не му било толку полно и толку вистинито.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жандармот секако не, зашто ниеден жандарм на светот не носел очила. Сум вообразил само.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам дека на ниеден крај од светот не можам да бидам посреќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На ниедно од децата неговата насмевка и милозливост не им влеа доверба.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како може во ниеден да не се најде место за нас?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Глупоста на возрасните не може ниедно дете да ја измисли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниедна Триумфална не може да се мери со твојата близина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нам веќе ниеден ден не ни треба за овде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти и ниедна друга ќе бидеш мајката на моите...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе