ниж прид.
ниже несв.

ниж (прид.)

Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Склоноста кон пишувањето Иван Точко ја почувствувал уште во годините на нижото гимназиско образование во Охрид, пишувајќи песнички, раскази, па дури и еден драмски обид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Основно училиште и нижа државна гимназија завршува во Прилеп, а државна реална гимназија во Битола.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Бев во нижите години на осмолетката „Маршал Тито“ кога Бубите од Ливерпул го испеаја својот реквием. Беше тоа мелодијата „Облади-Облада“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И понатаму, онаа вештина на претворањето на нижите метали во злато, може да се спореди со Duchamp-овото претворање на секојдневните предмети во уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој момент гледачот се вплеткува во имплицитната Ешерова верига од нивоа, во која над секое ниво има некакво „вишо“ ниво на поголема „реалност“, додека под секое ниво постои некакво нижо, „поимагинарно“ ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)