ничиј зам.

ничиј (зам.)

Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ничиј живот не се губи и не исчезнува засекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е во ничиј интерес тие да бидат згаснати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не дозволувам ничии други зборови да бидат последни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не сум јас ничиј прст ниту рака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Синовите и ќерките, убаво ја насетуваа тивката, внатрешна битка на заминувањето или останувањето меѓу дедо и баба и речиси никогаш во мирните времиња не заземаа ничија страна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму човечките суштества припаѓаат сами на себеси, недостигнати од ничија пакосна волја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Никој не се зафаќал да го спрегне добитокот како што никој не се определувал на ничија страна: нека повелат Онисифор и Онисифор да се спогодат околу покојникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не е грешка, не е ничиј пукнат кондом, не е ничие безгрижно пролеано семе, ничија неспособност за самоконтрола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И никој ничија душа не може да ископа од земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама нема да го отепам подмолно, во некој дол и на ничиј синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никогаш и во ничии очи Онисифор Проказник не видел толку страв: чудовиштето не се делело од видовитиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Не сакам да сум на ничиј грб...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ничие лице не видоа па дењата да го препознаваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И затоа кога истата таа година, во летото, во време пред да почнат жетвите, го најдоа Хаџи Ташку со здробена глава на ничиј синор, ни на веселечки ни на кадиноселски, туку точно на местото каде што денеска Пазарџиски Пат за прв пат ја прегазува железничката линија, никој освен потковичаните не се досети кој можел да му го „пресретне“ патот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
--Јас верував дека ќе умеам без ничија помош да ја сместам во таа празнина што самиот ја обезбедив -.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе