ништо (прил.)
Цел живот сум трчал низ полето и селото, чувај го, барај го овој, барај го оној и - ништо!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Над главите од луѓето сонцето грееше преоблечено и чисто и ништо не можеше да го извалка во допирот со земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не можеше ништо да разбере и се плашеше од овие свои мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ништо не ќе го вознемири толку споменот како допирот со добата во која не се влегува повторно Плачот нема сенка. Патеката нема сенка.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А никој не му можеше ништо бидејќи имаше пролеано крв за Кралството.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никој не можеше да рече ништо, но татко ми дури на пладне можеше да го состави целосниот мозаик на ноќните настани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Подвижноста на камерата не промени ништо во однос на тоа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никој нигде и никогаш ништо не запишал за тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сфативме дека никој ништо не знае за црквата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А зад таа ограда не се гледаше ништо.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Од друга страна, во тој ред на мисли го расколебуваше ситуацијата дека во државата имаше повеќе републики и ништо оттука не беше јасно!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не би имала ништо против дебел маж.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На сестра ми ништо не ѝ кажував.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој не ѝ рече ништо. Таа полека излезе и зад себе ја затвори вратата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Учителката не рече ништо. Само го зема блокчето со мачето и излезе пред одделението.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се искачи на највисоката точка на центарот и безнадежно разгледуваше. Ништо не виде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)