новинар (м.)

Но по повторениот германски напад, известува новинарот, градот Дебар повторно паднал во рацете на Германците и балистите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пола од новинарите во холот му се упикуваа во шупак на лидерот од опозицијата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Новинарка сум во Белградската телевизија која живее за својата и од својата работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и ѝ ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Застанаа. Слегоа од џипот. - Се чини дека во селото нема жива душа... - рече новинарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Џипот исфрлен од друмот. Во ендекот мртви лежат американскиот новинар и неговиот преведувач. Скраја ранец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Новинарите стоеја од страните, атмосферата беше полна со креативна возбуда и модното дефиле можеше да почне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како и повеќето вработени во секретаријатот, во демократијата беше новинар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не се случувало тоа често На излегување од претседателската палата ме пресретнаа неколку новинари и телевизиски сниматели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се одделив од семејството, формирајќи го сопственото, не отстапувајќи од правилото по завршеното средно училиште да се даде извесен влог во семејството, се вработив како новинар и продолжив, од своите хонорари кои ги добивав, да одделувам за моите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
3. Баге од немајкаде стана новинар. Во последниот клас од гимназијата и во последната година од окупацијата, не падна на матура ами падна во затвор
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ваквите тврдења никогаш не беа сфатени сериозно – за време на својот долг живот Р ги избегнуваше новинарите и не беа зачувани никакви снимки или фотографии од неговиот нос.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе