новогодишен прид.

новогодишен (прид.)

Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И решија секогаш во новогодишната ноќ да му даваат на штурчо храна и стан, а тој да им свири!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Низ благородните Новогодишни усни испотечуваат водопади од желби и честитки преточени во чудотворниот јазик на Желбоноско кој, ете, дошол од таинствениот леден дворец на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нека сонуваат, нека растат вљубувајќи се во светлосниот насмев и зареч новогодишен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Морнарицата на големиот Вок со едно око го прифати новогодишниот караван исфрлувајќи го на определени места според големиот план на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Други велат, си го загубил волшебниот спреј со кој се фиксираат новогодишните честитки, желби, за да останат неизбришливи доживотно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од конците на новогодишната програма е изоставен само еден случај што се вика Нероден Петко.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Врз црна позадина отсјај како од новогодишни прскалки зимско сонце се пробива низ клепките.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Но следните денови како што полека се гасеа новогодишните сијалици така се гасеше и неговото расположение.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше декември, и од покривот можеше да го види одразот на новогодишните светилки на прозорците на соседните згради.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бордо костумот, кој Александар го потсети на еден популарен фолк пејач кој што редовно ја пополнуваше новогодишната програма од времето кога Алек беше дете ѝ стегна еден шамар на Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Синдикат: Самоуправен социјалистички орган задолжен за новогодишни пакетчиња, тегли со краставички и свински полутки (овие последниве понекогаш ги даваа цели, абе златен комунизам)
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нина длабоко се издиша, лицето ѝ стана сериозно: „Драги еколози, најнапред се извинуваме дека доцна ви одговараме, попречија новогодишните, па и божиќните празници, па зимскиот распуст, па дури после одржавме состанок, со задоволство ја прифаќаме соработката, со желба да се посетуваме, вие доаѓајте кај нас во Струга на летување и знаете колку сме гостољубиви.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот свет ги покрива ретко расеаните капки крв во пустите улици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако имаш среќа, ќе добиеш новогодишна ќесичка маде ин КРАШ, со супер чоколатца во неа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот снег ги покрива ретко расеаните капки крв по пустите улици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така, купувањето нов сервис стана дел од новогодишните радости. И децата се израдуваа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И шатки и канадски гуски и нуркачи, сите ги растегаат своите слогови долж попладнето, обесувајќи ги покрај нејзиното лице како новогодишни декорации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- „Мојата мајка знае да расакажува прекрасни приказни, со мене разговара како да ми е другарка и јас најмногу од сѐ ја сакам „Васината торта“ што таа ја приготвува за Новогодишните празници.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе