нога (ж.)

Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаме да видиме кој има лесна нога, полазна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов дури кога почнаа да мрдаат со нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го држат така расчекорен, пилата му врви меѓу нозете, му се доближува кон ципите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак си ги видов нозете онака: одат без мене, ме заминуваат мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А околу мене: луѓе без очи, без раце, без нозе, не е за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Издржи уште малку, велат, и дупат во ногата, ми ја гребат коската.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мрднаа ли – се откри рамото, плешката, грбот, нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќето кои паѓаат, куршум добиваат во темето, плеќите, нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нагло, со коленото го удри меѓу нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одвај ја досигнав, зашто ми пропаѓаа нозете во јорганите и перниците од креветот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа ме додржа на нозе, малечок.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Братучедите ги закопаа нозете тука на место и не мрдаат- Србин се тегави колку што може и не може, а Шишман како камен се вкопа во макадамот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тој се движеше низ сите тие нешта како „заспан возач”, управувајќи со природноста на месечарите кои ги користат своите нозе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе