ноздра (ж.)
Воздухот стануваше солен. Се мешколеше во ноздрите, печеше суво.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од ноздрите му излегува пареа и снегот му се топи околу устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ширејќи ги ноздрите тој ги стисна испуканите усни.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Врз ноздрите на добитокот тромаво паѓаа први мушички.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од нејзините ноздри капе матно сребрена месечината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Три дена и три ноќи лудница. Ноздрите ти се постојано разјадени од смрдеа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го слушав шушкавото дишење на Кузман и ја чувствував в ноздри неговата млака пот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Топлината засилено им удирала в ноздри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Миризбата на чајот ни ги отвора ноздрите, ни ги крева носовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се насмевнала со ноздри итречки и повеќе за себе, кришум. Сенките под нејзините очи се распливнале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Десната страна на лицето со ноздра му се покриваше со секакви влакна. Имаше два различни профила.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)