ноќешен (прид.)
Навртоа на чешмата „Студена“ под самата тумба Маргара и ги најдоа „распашани“ сите војводи, одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Слепо црево на сласта! – повторно се закикоти – тоа е вистинскиот наслов за твојата бурна ноќешна случка!...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Ќе ми раскажете ли пак за своето ноќешно патување! - им се помоли таа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Не смееше да одговори, не сакаше со тоа да ги плаши волците, кои очигледно, со својот далечен виеж ја најавија ноќешната посета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Шефот сакал да спроведе истрага во врска со ноќешниот настан.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)