нурне св.

нурне (св.)

За да можам убаво да ја пикнам раката во дупката, морав да ја нурнам главата во вода.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И пред да се нурне во реката, уште еднаш си рече: - Штом Рибата умре на суво, јасно е дека во водата подобро и подолго се живее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повторно нурна во својата осаменост, во која немаше ништо освен апстрактната потреба за цицање крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го нурнав влажното лице в дланки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нурни ја главата во котле со ракија и ќе видиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го помина шеталиштето, се нурнаа во мала врата и брзо заслегуваа по запрашено темно столбиште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе квикне Чако и пак ќе се вдаде, ќе им се нурне со лаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Па така без многу да размислувам, обземен од рибарска страст, убаво ги наполнив градите со воздух и нурнав во водата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ѕверот се отфрли од земјата, ја закачи со заби подадената црна рака на глогот и не барајќи пат се нурна во мракот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се нурна во водата и - се удави, сосе куќичка сосе покуќнина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Егоцентрична река. Упатена накај белото море па она друго и друго сѐ додека не се нурне во овоземниот облик на бескрајот - океанот.  Реката е предолго загледана во својот крај - уточиштето премногу втренчена во преобразбата.  Реката така чека и го дебне мигот на својата смрт - слевањето во другиот.  Од идентитетот ѝ останува само морската струја. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе