обвитка св.

обвитка (св.)

И со текот на времето, ципата со која бил обвиткан, започнала да се стврднува, да добива лушпа слична на големо јајце.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури најрапавата стара кожа на долговечен човек е обвиткана во волшебната разнобојност на светлината на животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Обвиткана во својата аура таа сјае над просторот, предизвикувајќи разни природни влијанија врз земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Под униформата, неговото тело беше обвиткано со нечисти жолтеникави крпи, одвај распознатливи како остатоци од некогашните долни алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Огледалото беше во форма на издолжен четириаголник, обвиткано од сите страни со чисто брановидно сребро, филигрански обработено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тесен црвен појас, амблемот на Јуниорската анти-секс лига, и беше неколкупати обвиткан околу половината над комбинезонот, доволно стегнат за да ја истакне облината на нејзините колкови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но низ темнината што го обвиткуваше, слушна нов метален звук и знаеше дека вратата на кафезот се затвори, не се отвори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Црната зеница беше без сјај како да беше обвиткана со магла. Од тие очи излегуваа бистри солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сеќавам на првата ноќ и на моите отворени очи кон благата летна светлина зад прозорците и на мирот во кој беше обвиткана оваа куќа во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и предметите низ собата кога ќе ги обвиткаше темнина изгледаа страшни и таинствени.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гори бршленот обвиткан околу стеблото на буката и до самоти врв се истрчува врвцата на пламенот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И само заради таа пена што почна да му ја обвиткува свеста со врело злато стврднувајќи се полека во непробоен оклоп, се моташе околу нејзината куќа претпазливо и со возбудено срце нараснато до грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ги измија садовите и кога ги ставија на местото, минаа преку терасата и кога стапнаа на земја, раното сонце ги обвитка со својата нежна топлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште, мојата глава е сѐ уште обвиткана со врелата покривка на свиленото задоволство, која ме пецка и навистина уживам во музиката што ја прават возбудениот говор на луѓето и басот на хеви фанкот што оди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заминаа и тој возеше, накај заливот, ноќта се обвитка околу нив.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со што се занимаваше тој и дали воопшто со нешто се занимаваше - тоа е обвиткано со превезот на темнината.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не беше лесно да се проникне во суштината на Мајкината душа, обвиткана со густите слоеви на тишината во која, најчесто, се криеше нејзината самотија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе