обелодени (св.)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Помина веќе цел месец откако ја обелодени содржината на Томовите писма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ако ли не се вратиме, љубезни мои
проштевајте.
Песната ви ја обелоденивме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Единствениот начин да ви го обелоденам овој настан е да ми ветите дека повеќе ќе ми верувате мене, отколку на Хенри Џејмс.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Иако официјално не беше обелоденет, Рада практично беше во него.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На неговите текстови им претходат текстовите на шпанските историчари, усмената историја на Инките која му ја обелоденил еден од вујковците (замена за татко), христијанската историја, за која тој тврди дека во својот судбински облик го вклучува Перу.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако ги немаме ние сега в раце, сигурно таму, ќе се најдат траги од нив и ќе се обелодени работата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Всушност тој се надеваше дека преку детската уметност ќе успее да се растерети од „световно” приземнетата софистицираност на своите творби, со цел да обелодени еден универзален визуелен јазик.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Светлината ја обелодени севкупната материјална избришаност од неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Меѓутоа досега во историографијата сѐ уште не се обелоденети документи за одржување на таква средба. 331 Втората македонска народноослободителна бригада е формирана на 20 декември 1944 година во с. Фуштани-делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Поконкретно, требаше да обелоденат што тоа него го прави толку настран – и во смисла на хомосексуално и во смисла на нестандардно – без да произведат објаснување во јазичното руво на его- психологијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)