обиде св.

обиде (св.)

- Зошто би можело да биде морето против вас? - се обидов да му дадам нов тек на разговорот по неизбежниот инцидент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Не можам, мамо! - Обиди се! Ајде цртај, јас си имам работа!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Глувченцето залазе исплашено по клупата, задушка ѓаволесто со носето по трошките и се обиде да рипне преку работ на клупата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во триесеттите години се обидува да се доближи до официјалната идеологија и го избегнува прогонството во Сибир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Доволно се обидувате да ме импресионирате со вашите интелектуални способности.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три пати се обидела да изврши самоубиство со сечење на вените со скршено стакло или со земање на преголема доза седативи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Силата на прочуениот балкански фанатизам ги разделила и тие дури и не се обидувале да ја осудат причината на разделбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некои од младите мажи се обидоа да побегнат уште неврзани и паднаа од јатаганите и пиштолите на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се обидуваа на разни начини, раскажувајќи му вистински ведри случки од нивниот градски уличен или училиштен живот, по нешто и измислуваа, додаваа, но малку, барем во прво време, можеа да му помогнат на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некој ќе се обиде да каже нешто и малку од јадењето ќе му испадне од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправив од миндерот возбуден и збунет и се обидов да застанам на болната нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе