обработи св.

обработи (св.)

Ќе бидат анализирани две категории закони: матичните закони што се однесуваат на работничките права и оние закони кои примарно обработуваат друга проблематика, но сепак вклучуваат одредби кои ги засегаат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Полињата се обработуваат со коњски плугови, додека книгите ги пишуваат машини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кети беше вистинска свештеничка во некои примитивни тајни поврзани со земјата и со вегетацијата, и Рози, додека ја обработуваше почвата, реагираше на чувствата на земјата која секогаш комуницираше со оној што ја обработуваше со љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ама треба некој да бдее. Да ја плати цената на вашата заебанција, да го обработи вашиот дел, да го врати вашиот долг.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од катедралите и манастирите теоретичарите се преселија во работилници (универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и започнаа да се занимаваат со модели преку кои постојано изработуваа сѐ подобри чевли, со тоа сѐ повеќе разбирајќи го и обработувајќи го светот како целина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Честопати, машката хомосексуалност побудува особени начини на поврзување со поширокото општество – облици на културен отпор што е посебен – па затоа и има добра причина машката геј- култура да се обработува како посебна тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако решението се обработува механографски, наместо потпис и печат може да содржи факсимил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги донесоа досиејата на секој што можеше да биде тоа, ги читаа и препрочитуваа, ги отклопуваа и заклопуваа, ги исчитуваа и обработуваа, но уривачот не го најдоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слотердијк во афоризмите за рационалноста вели дека „постои и една функција на вистината која што е постара од обработувањето на земјата на селанецот“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
(...) Секако, Анексија ги обработуваше и оние обвинети за посредување, саботажа и политичка вина, по принципот на подвижна лента.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Би можеле да одгледуваме добиток, да ја обработуваме земјата, да имаме доволно за повеќе месеци ако се случи нешто.” Таа не рече ништо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе