обраснат прид.
обрасне св.

обраснат (прид.)

Славата и парите не го променија овој мечешки обраснат во коса човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Стрмолокот од оваа страна над патот беше густо обраснат со букова шума.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вратите на градот преку кои се влегуваше во балканска Европа и преку римскиот пат Виа Егнација, се стигнуваше преку Цариград до Индија, беа обраснати во бурјан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Очите му беа два мокри јаглена, две ѕирки маглосани со перде, две суви локви обраснати со шевар.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мече сакаше уште нешто да прирече, но Беличот нагло го сврте чунот накај една од малите купи, обраснати со шавар, што стоеја сред водата како острва.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А се знаеше: скоро секогаш околу пет часот попладне, по патчето што низ угорницата обрасната со маслини, се стрчуваше преубавиот бел коњ со својот мал, црномурест јавач.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Обраснат со брада, ретко кој беше во состојба да го препознае.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Реката ја нема. Дното е обраснато со ниски грмушки. Изгледа ја пренасочија водата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ендеците широки, длабоки и обраснати со бозјак и магарешки трња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледаше внимателно и без доверба: оној во црната рамка принесуваше запалено чкорче кон своето лице обраснато со мрак и со јаки сенки под јаготките.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сал со еден чекор го превали ли овој обраснат појас и влегуваш, мајче, во туѓо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
-Чекај, полека. Ти си во право, но јас ќе морам уште многу да зборувам за тоа – рече старецот, притискајќи му ги рамениците, со своите суви раце, обраснати со долги нокти, буткајќи го кон тревата. –Седни, отпушти се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Лицето на старецот, обраснато со бели боцки, поцрвене.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе