обрати св.
обрат м.

обрати (св.)

Замислете си да почнат да ни се обраќаат во некоја летна ноќ тие далечни ѕвезди ?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тебе не можам да ти се обратам во некое туѓо или фиктивно лице.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Уште од самите почетоци јас сум обраќал внимание на говорниот јазик и сум барал за него простор во стихот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И ако метафорички кажано тргнете по удолница нема на кого да му се обратите за помош.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бев решил случајно ако го сретнам зошто на пример да не му се обратам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа никогаш не се реши за случајот да се обрати кај Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие два меѓународни акта ни обеќаваат постепено раширување на реформите во Македонија и со тоа ни даваат право да се обраќаме до двете реформаторски држави со меморандуми и по други патишта за да им укажеме на нашите религиозно-национални и економски нужди, како и на тоа што го прави Турција, за да се исполнат тие наши нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Направи метанија пред светите двери а потоа ми се обрати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Српските воспитаници играат важна улога во македонското прашање, без да се обраќа внимание на тоа дали тие работат под бугарска, под српска или под македонска фирма, како и без разлика дали се тие во морален однос луѓе високи или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој друг не му се обрати. Беше чудно до која мера обичните криминалци ги игнорираа партиските затвореници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Фелдфебелот го погледна, се прибра и со далеку помирен глас од што мислеше рече обраќајќи му се на Србина: - Госпожата ми објасни сѐ во врска со твоето име.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе