обремени (св.)
Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сопствената кола не се исплатува да се вози низ Истанбул, зашто возењето секогаш претставува опасност и го обременува возачот со психичка напрегнатост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Повеќе од кој било друг уметник, тој е обременет со општествени обврски и неизбежно мора до одреден степен да стане дружељубив, што му одзема време и енергија.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Мозокот на човекот е обременет со информација што може да се фалсификува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)