обрише (св.)
Ако се фатиш да се обришеш, кожата в раце ќе си ја најдеш, на голи вилици ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Крева рака и тој да ми врати, речиси замавнува, но само повторно си ја обришува устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дуко си ја обришува устата со рака, и почнува да витка цигара.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги обриша таа солзите, па ги крена очите кон Богдана: „Знаете ли зошто падна в затвор?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мими ја отвора пудриерата, гледа дека е нацрвена по образот, се колеба малку дали да се обрише, но пак остава така.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ама ќе ми остане и сермиичката негова, та за Илковата — да се обришиш, Мишо!“ — си велеше Митра за себе и почна да ја распрашува Доста: кога отишла од Рожден, зошто отишла, кога умрел мажот ѝ, како живеела во Солун, кај кого седела, што работела.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)