обувка (ж.)
Таквите обувки не се за по маало.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ги врзувам врвките на удобните обувки иронија и газам со нив по светнатиот патос на сарказмот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Товарена со нарамок дрва за малку ќе се сопнеше од расфрланите обувки на прагот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаете, кога бев мал, чевларите од кожа на ајкула и непце од штука правеа ѓонови за зимски обувки.... Заради голомразиците... Некогаш...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За Велигден ќе донеле женски обувки, ама зимски.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Само едно џуџенце, што го жулеше обувката, беше немирно.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ги собуваш обувките Поминуваш бос по тоа свето место Не го нудиш никому лицето за бакнување
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
ЈЕМЕНИИ - кондури, обувки
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од старчето се цедеше вода. Место обувки какви што им прилегаат на луѓето, на нозете имаше школки. По една на прстите и по една на петиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А можеби и новите обувки ја завршија работата, оние кои по мој совет ги носеше в раце додека одеше по калдрмата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби му беа залепени за стапалата, зашто никој не се раѓа со обувки, најмалку такви.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)