огин м.

огин (м.)

Ако не запалиш огин - нема ни да се грееш. Ако не посееше семе - нема што ни да жнееш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сите мислевме дека со првото котле ќе го изгаснеме огинот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Копнат и како бура пеат и како огин палат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го оставивме огинот и се најдовме под крушата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Малата белина на кожата, откриена над најлонските чорапи запалува огин и во најзаспаните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со своите необмислени и пребрзи потези тој ќе долее масло врз разгорениот огин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Свежината на ноќта, ќе ја замени огинот на денот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ни текна да ја потпалиме сламата. Набргу пламна огин.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Без да влегува во колибата, ја остави торбата со алатите крај огинот и тргна кон реката да се измие.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонцето ги пробиваше зраците низ црвеникавите облачиња, чиниш зад нив, таму некаде далеку, силен огин е запален.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На пепел троскот, пелин во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Толку е силен тој огин, да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
„Волците се плашат од огин. Морам да подготвам нешто за палење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од волшебниот огин во цветовите очички на убавицата, испарија и посребрените веѓи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Пламенот од огинот не можеше да го навјаса.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе