оглуши (св.)
- Детето можело сосем да оглуши на левото уво...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кого попрво да слушаш и кому да му одговориш кога те испогазуваат и те оглушуваат од сите страни!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Таа глувота чиниш го удри, чиниш го оглуши и него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се оглушуваше на неговите планови да ги собере околу себе балканските држави, создавајќи Федерација, која подоцна полесно би ја покорил и завладеал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потемне народот, обневиди, се оглуши, се исуши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Да броиме! Иху - иху! - Ајде, почнете. Само тихо, ме оглушивте...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)