огница (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          XXIX      Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дали Акакиј Акакиевич ги слушнал овие за него судбоносни зборови, и ако ги чул, дали тие оставиле врз него потресен впечаток, дали зажалил тој за својот макотрпен живот, ништо од тоа не се знае, зашто тој постојано имаше огница и бладаше.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Господе, да не сум добила нешто огница, што се вели, тифус или маларија?
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)