огњарка (ж.)
А бегот што падна од драмлиите на неговата огњарка не беше зулумќар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот. Во тоа свое бегање, волчицата и не го забележа зајакот што и го пресече патот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Впрочем, раскажи ни на каков пазар ја купи таа огњарка.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Третиот пат смртта се беше престорила змија лутица. Змија шарка, огњарка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)