одамнешен (прид.)
Само за миг погледнувајќи крај себе виде одамнешна познаница чија слика некогаш ја чувал в џеб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но на тоа му предоди една друга, подолга и одамнешна историја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бездруго вака го протолкувал сонот и Јовановиот одамнешен предок, оној прв што го сонувал и по што го запишал во тефтерот и потоа отишол да стане пустиник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сеедно, оние двајца и да станале, без љубопитност за одамнешните судбини да го оставеле, тој ќе продолжел да преде со атрофираниот баритон за лично задоволство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еден вид проклетство; за да сокријам во себе некоја одамнешна вина. „Кажи, си пиел ли?“ Брат му го крена погледот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Вие како да станавте нивни пријател, одамнешен познајник.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Овој податок укажува на тоа дека црквичката во Дупка веќе уште тогаш, во тие одамнешни времиња, загубила на своето значење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се ведне над восочен труп, распорен дрско и со еден замав. објаснува нешто на туѓ, одамна изумрен јазик, некакви формули и неизбежни правила, како догматичар на еден одамнешен век.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Делииванов, одамнешен пријател на Делчев, и Стефанов нормално го немале оној револуционерен капитал и авторитет што го имале нивните претходници, но биле под силно Гоцево влијание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)